За време на топлите денови да се избегнуваат какви било напорни активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности, особено во најжешкиот период на денот, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и капа, да се внесува помала количина храна, а посебно помалку масна храна, и да се внесува голема количина течности, почнувајќи од обичната вода за пиење до минерализирани безалкохолни пијалоци.
Ова се препораките на Републичкиот завод за здравствена заштита, кои во денешното соопштение информираат дека во текот на ваквите екстремно топли денови, децата, старите лица, хроничните болни и бремените жени да останат повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, а неопходните работи да се завршуваат до 10 часот наутро или попладне по 17 часот.
надвор со капа, очила и по 17 часот
Според Републичкиот завод за здравствена заштита, граѓаните треба да одбегнуваат алкохолни пијалоци, пијалоци кои содржат кофеин и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголема количина шеќер. При неопходен престој на отворен простор во овој период, се препорачуваат почести одмори под сенка и да се избегнува директен престој на сонце.
Посебно дисциплинирани по однос на овие препораки треба да бидат хроничните болни, кои за сите промени во здравствената состојба задолжително треба да го консултираат својот матичен доктор.
И за денеска метеоролозите предвидуваат сончево и топло време, со умерена локална облачност. Во Охрид ќе биде е сончево и топло време, со температура до 31 степен.