Лекарите препорачуваат без посебна потреба да не се излегува на сонце во периодот од 11 до 16 часот, а особено внимателни треба да бидат хроничните болни. Нив им се препорачува редовно да ја земаат терапијата, а на сите останати да консумираат лесна храна и да пијат повеќе течности.
се препорачува без капа и очила да не се излегува надвор
Најтопло се очекува да биде во среда и четврток, поради што Министерството за здравство апелираше до здравствените установи да се подготват за евентуално зголемување на бројот на пациенти.