Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес градоналачникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески приреди свечен прием за 18-те првачиња од ООУ “Дебрца”.
Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им доделив училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцирав заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. И оваа година Општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари, посочува Ногачески.
Изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Зоран Ќосески, по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца.
OhridNews