Пред утрешниот почеток на новата учебна 2023/2024 година денес 27-те првачиња од ООУ “Дебрца” беа на свечен прием кај градоначалникот Зоран Ногачески.
Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им доделив училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Oпштина Дебрца да бидат меѓу најдобрите, вели Ногачески.
Изрази благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Зоран Ќосески по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца.
И оваа година Општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
OhridNews