Со музика и локум, вчера во х. Дрим во Струга беа прeчекани првите туристи од Холандија оваа сезона. Тие со чартер лет слетаа на аеродромот „Св. Апостол Павле„ во Охрид каде беа дочекани од своите домаќини.


Холанѓаните пристигнаа

Вчерашниот е прв чартер лет со холандски туристи по 20 години во Охрид.Со него дојде првата група од 70-на холандски туристи кои ќе одмараат на охридското крајбрежје. Тие ќе бидат сместени во х. Дрим во Струга. Холанѓаните во убавините на Струга и Охрид ќе уживаат во еднонеделни аранжмани. Секоја недела до октомври на охридскиот аеродром ќе слетува по еден чартер авион, а наскоро се очекува да се реализираат и првите чартер летови од Израел.

ohridnews