Верувам дека не постои охриѓанец кој не се радува на достигнувањата од Христијана Парулеска, истакна вечерва градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на свечениот пречек на извонредната млада спортистка која по европското злато се закити и со бронза на Светското таеквон-до ИТФ првенство во Астана-Казахстан.

За радоста да биде уште поголема Христијана ни овозможи уште еднаш во краток период да се собереме и колективно радуваме. Овој пат повод за тоа е освоеното 3то место на Светското првенство во теквондо. Во категоријата на спаринг борби таа беше подобра од учесничките Русија, Канада и Грција. За жал поради повреда од 1/4 финалето во полуфиналето и покрај водството од 4:1 натпреварот мораше да го предаде. Христијана е нашиот шампион, Христијана е нашата гордост и Христијана ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи. – речеПецаков.

Успехот на младата охриѓанка го поздрави и првиот човек на Агенцијата за спорт и млади, Наумче Мојсоски, Согѓаните, пак, не го криеја задоволството што Охрид има голем шампион како што е Христина.

На СП во таеквон-до во Астана Македонија настапи со тројца натпреварувачи. Давид Крстески во силна конкуренција го освои 5 место во форми, борба со замислен противник, додека Елена Јанеска беше 5-та во спаринг борби во конкуремнцијата на јуниорки 16-17 години.

Г.М.