Во Боулдер, Колорадо, една нудистка минатата пролет добила опомена дека ќе мора да се одсели ако продолжи да работи во својата градина облечена само во танга гаќички. А оваа година приказната се повторува.
Полицијата во минатите неколку дена примила најмалку четири повици врзани со градинарските активности на педесетидвегодишната Кетрин Пирс. Законот во Колорадо во САД не дозволува покажување на гениталиите, но госпоѓата Пирс носела танга и градинарски ракавици додека садела и копала.
Портпаролот на полицијата Сара Хантли рекла дека еден од полицајците ја советувал госпоѓата Пирс да облече маица со оглед на тоа дека ученици си играат преку патот. Господинот Пирс се жалел, велејќи и на полицијата дека неговата сопруга не прекршила ниту еден закон, со што навистина морале да се согласат.