Забележителното зголемување на водостојот во реките од сливното подрачје на езерото, денес, придинесе за повторно зголемување на нивото на Охридското Езеро за еден сантиметар и сега тоа изнесува 25 сантиметри над дозволената граница.
-Мометално во реката Црн Дрим се испуштаат 62 метри кубни вода во секунда. Со одлуката што ја донесовме за чистење на Мал Дрим во Струга, ќе можеме за 2-3 метри кубни, повеќе вода да испуштиме од Охридското Езеро, од она количетво на вода, кое мометално се испушта. Со пренасочување на дел од водата од реката Сатеска во старото корито, исто така ќе се придонесе, од браната во Струга да се испушта уште поголемо количество на вода. –изјави Рамиз Мерко, градоначалник на Струга, на денешниот состанок на Координативното тело за справување со поплави, кој се одржа во Охрид.
Тој објасни дека со пумпи ќе се исчисти каналот на магистралата од Струга кон Дебар, при што водата од каналот ќе се префрли во Црн Дрим. Исто така ќе бидат преземени активности за заштита на брегот од Езерски лозја до реката Сатеска, а ќе бидат преземени и дополнителни превентивни мерки во селата Калишта и Радожда.