Топенчаров посакува и пети пат да го фати крстот
Според традицијата чесниот крст една година престојува во домот на тој што го фатил, по што се носи во црквата Св. Никола Геракомија, од каде на празникот Богојавление се носи на градското пристаниште. Горниот дел на крестот е изработен од дрво, а долниот од месинг, на кој се врзува марамче за да се познава кога ќе биден фрлен во вода. Никој не знае кога точно е направен крстот кој се фрла во осветените води на Охридското Езеро, а пострите охриѓани го паметат откога знаат за себе.
Чесниот крст
Пријавувањето на заинтересираните кои ќе скокаат по крстот за празникот Водици во Охрид продолжи и денеска, а организаторот на манифестацијата, здружението на граѓани „Богојавление“, очекува на градското пристаниште да се појават околу 1200 капачи.
Околу 1200 капачи ќе скокаат по крстот
фото: Емилио