Младиот охриѓанец, Митко Топејнчаров, кој по четврти пат го фаќа крстот во водите на Охридското Езеро денеска со светиот крст и со својата варошка тајфа поминува низ охридските куќи.

Топејнчаров не ни ја откри тајната за неговиот успех. „ Нека остане мала тајна, но сепак, треба да се знае дека  треба да бидеш духовно подготвен за да скокаш по крстот. Кога си духовно подготвен тогаш и студената вода во езерото не претставува проблем“, ни рече тој.


Митко Топејнчаров година по четврти пат доплива до крстот

Топејчнаров денеска ја споделува радоста заедно со своите сограѓани и со мисла, како што рече, дека ја оправдува вербата дадена од Бога. „Со години ја негуваме традицијата “, кажа младиот варошанец.

„Имав претчувство дека повторно ќе го фатам крстот, а засега се има воспоставено дека годините кога го фаќам крстот ми се среќни и бериќетни“, додаде тој.

А.Р.