Арсенал го победи Стоук минимално со 1-0 и се доближи на бод до Манчестер Јунајтед на врвот на табелата во Премиер лигата. Стрелец на единствениот погодок беше дефанзивецот Скилачи.


Топџиите скапо ја платија победата откако мечот поради повреди предвреме го завршија Тео Волкот и Сеск Фабрегас. Двоецот на Арсенал ќе го пропушти финалето во Карлинг купот во кое ќе му се спротистават на Бирминген.

Ohridnews