Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Од нив, меѓу најблиските во нашето соседство е Дубровник којшто се наоѓа на 18. место.
Во „бисерот на Јадранот“, во шармантниот, компактен и стар град во Хрватска, посетителите може да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови… Според рецензијата, ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања во светот. На топ-листата е и Истанбул, Турција (4. место).
Во првите 10 градови се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка), Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија).
На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).
OhridNews
фото МИА