Европската куќа на фудбалот (УЕФА), уште еднаш покажа дека за некои национални федерации е мајка а за некои маќеа. На денешниот видео состанок со 55-те генерални секретари од фудбалските федерации, УЕФА дала прецизни препораки околу првенставата кои се прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

УЕФА, притиска по секоја цена да се доиграат националните првенствата во Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција, бидејќи од таму доаѓаат големите риби кои редовно учествуваат во завршницата од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Во случај да се прекине едно од овие пет првенства во неизвесност се доведуваат натпреварите и завршницата во ЛШ и ЛЕ.

Дека на УЕФА не и е многу важно што се случува во другите првенства говори зелено светло за самостојно одлучување без нејзин амин. УЕФА ќе им дозволи на матичните федерации сами да одлучат како ја финализираат сезоната. Дали ќе ја прекинат со прогласување на шампион или пак, ќе ја доиграат во текот на летниот период.

Фудбалската федерацијата на Македонија исто така е засегнат во овој случај бидејќи откако официјално беа прекинати сите шампионати не се изјасна со конкретен предлог за завршување на сезоната. Веројатно, ФФМ ја чека препораката од УЕФА и после на мир да ја спроведе одлуката.

OhridNews