Трансфер пазарот за годината 2010 е затоврен. Клубовите секој според своите можности пазареше во овај период. Според веб порталот goal.com  еве кој се најдобрите десет тррансфери за ова лето.

10. Месут ОЗИЛ: Вердер Бремен -> Реал Мадрид – €15м

Германецот со турско потекло блесна на Мундијалот, и го сврте вниманието кон себе. Вердер не се двоумеше многу и по кратките преговори ја прифати понудата на Реал Мадрид.

9. Марио БАЛОТЕЛИ: Интер -> Манчестер Сити – €30м

Никогаш квалитетот на Супер Марио не бил спорн, но неговиот темпрамент е она што го прави “проблематичен“. Откако не успеа ниту “специјалниот“ да го смири, тој се одлучи да му се стави на располагање на човекот кој го откри, Роберто Манчини.

8. Симон КЈАЕР: Палермо -> Волфсбург – €14м

Волфсбург изненади со својата трнасфер политика ова лето, и сигурно се тимот кој доста се засилија во пресрет на ова лето со цел да го вратат бундеслигашкиот пехар во својте витрини. Германскиот тим ги победи гигантите како Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Милан во битката за талентираниот дански дефанзивец.

7. РОБИЊО: Манчестер Сити -> Милан – €18м

Милан на последниот ден од трансфер маркетот го украде Робињо за само 18 милиони евра. Прашање е колку Алегри новиот стратег на “росонерите“ ќе успее да ги сплоти Роналдињо, Робињо, Ибрахимовиќ и Пато во нападот.

6. Јаја ТУРЕ: Барселона -> Манчестер Сити – €29м

Сити го добија можеби најдобриот играч од профилот на Туре, но она што загрижува е колку Туре може да му помогне на Сити, со оглед на притисокот кој сега е на плеќите на Туре по „солента“ сума платена за него и по астрономската плата.

5. ДИЕГО: Јувентус -> Волфсбург – €15.5м

По ангажирањето на Кјаер и бразилецот Диего ги стави “волците“ меѓу тимовите кои ќе се тркаат за популарната “салатера“. Сезона за заборав имаше Диего во дресот на Јувентус во кој дојде преку Вердер. Играњето во бундеслигата не му е непознато па така се очекува да биде главна алка во шампионскиот тим.

4. Марун ЧАМАХ: Бордо -> Арсенал – без обештетување

Уште еден потег “ала Арсен Венгер“. Поранешниот голгетер на Бордо треба да го формира убиствениот тандем со “стаклениот“ Робин Ван Перси.

3. Хавиер МАСКЕРАНО: Ливерпул -> Барселона – €21м

Маcкерано ќе треба да ја затвори празнината која кај “блауграна“ настана со заминувањето на Јаја Туре. Хавиер едвај го напушти Ливерпул, а прашање е колку тој ќе биде човекот кој  ќе треба да ја врати Браселона на врвот на Европа.


2. Златан ИБРАХИМОВИЌ: Барселона -> Милан – €8м + €24м

Задолжен за контраверзни трансфери е швеѓанецот кај кого во целост е изразен босанскиот менталитет. Златан е единствениот фудбалер кој играл во трите најдобри клубови во Серија а, Јувентус, Интер и Милан. Со исклучок на минатата сезона кога играше во Барселона, беше дел од шампиониските екипи во Италија во последните неколку години. Најави 25 гола во новата сезона.

1. Давид ВИЉА: Валенсија -> Барселона – €40м

Трансфер број еден е онај на Виља во Барселона, кој беше реализиран на стартот на летото пред Мундијалот. Управата на Барса го зграпчи Виља пред тој да ја потврди високата класа на плантерниот собир. Со Виља во тимот Барселона се надева на повторување на предланскиот успех, кога успеаа да триумфираат во сите натпреварувања во кои се натпреваруваа.

М.П.