Фудбалските клубови од Европа вртоглаво трошат пари за доведување на нови фудбалери со цел екипата да биде поквалитетна и конкурентна во борбата за титулите. Но има примери, во кои екипите ќе се засилат со слободни фудбалери и токму тие ќе бидат клучна алка во освојувањето на титулите.
Според аналитичарите најдобар слободен трансфер во кој екипата не издвоила ниту цент за оштетување е Роберт Левандовски. „Баварците“ полскиот голгетер го договорија од Борусија Дортмунд. Левандовски на Алијанц Арената пристигна летото 2014 година и се уште е напаѓач број еден во германскиот гигант.
Втор на листата е Андреа Пирло. Јувентус доминацијата во италијанскиот фудбал ја започна по доаѓањето на фудбалскиот Моцарт во екипата. Пирло беше човекот кој ги врзуваше сите редови во екипата која се уште гази немилосрдно во италијанскиот фудбал. Трет е Сол Кембел. Дефанзивецот го подели Лондон после трансферот од Тотенхем во Арсенал. Англискиот репрезентативец беше столб во одбрана на „топчиите“ во освојување на титулата без пораз во Премиер лигата.
ТОП 10 слободни трансфери:
1 Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд – Баерн Минхен)
2.Андреа Пирло (Милан – Јувентус)
3.Сол Кембел (Тотенхем – Арсенал)
4.Луис Енрике (Реал Мадрид – Барселона)
5.Роберто Баџо (Милан – Болоња)
6.Стив Мекманаман (Ливерпул – Реал Мадрид)
7.Руд Гулит (Сампдорија – Челси)
8.Хенрик Ларсон (Селтик – Барселона)
9.Џејмс Милнер (Манчестер Сити-Ливерпул)
10. Естабан Камбијасо (Реал Мадрид – Интер, Интер – Лестер)
OhridNews