Секаде во светов има многу недостатоци. Јас и не сакам да е се „одлично“, сакам да има „гребнатинки“. Некој или нешто со лузна е многу поинтересно од некој што сјае нон-стоп. Ми се допаѓаат необични работи. Имам 1749583 слатки пораки исполенти со љубов за Охрид, ама ова е мојот топ-10 со Охридски иритации. Некои се само летни – сезонски. Други се видливи цела година.

10. Гратис фитнес кога пристигнуваш на Охридскиот аеродром. После пасошка контрола на скаличките стално се интересни неверојатните разочарани фаци од туристите. Што следи? Акција и спринт трка со својот куфер.
9. Секаде питачи.
8. Типови со стомаци и темно плави „Speedo“ купаќи од 1981 година стојаТ впечатливо и невкусно покрај кејот. На истиот простор се сунчаат гости од хотелите и апартмани непријатно в трева.
7. Безобразни таксисти
6. Еко темите. Еко несвест и секаде ѓубре.
5. Претерано галење на обична странска туристичка класа, која во колони излегува бавно од автобусите. Тие во меѓу време цело време се смеаат за ниските цени и се радуваат дека толку ги галиме како елитни светски ѕвезди. Добиваат богато чувство за минимални пари. Келнерите, готвачите, собарките, чистачите, вработени во супермаркети нивниот престој  го плаќаат со многу часови работа, малку права и ниски плати.
4. Дивоградби.
3. Пушење во ресторани и кафетерии.
2. Ненадејно и ненајавено исклучување на вода во делови од градот. Точно ако си во WC со сериозна потреба, или пред огледало со пена на лице.
1. Страшна неодговорност во сообраќајот и ниска сообраќајна култура. Нефункционална, стара и несредена инфраструктура.

Влатко
Амстердам

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите