Грчката актерка и модел Тонија Сотиропулу ќе ја игра новата Бонд девојка во филмот “Skyfall” на Сем Мендес. Убавата гркиња на својот фејсбук профил напишала дека официјално ја добила улогата во новиот филм за Џемс Бонд, и им се заблагодарила на сите на љубовта и поддршката.

Тонија Сотиропулу е малку позната актерка, чија најголема улога досега била во хорор филмот “Berberian Sound Studio”, кој во кината ќе се појави следната година. Таа е среќна што конечно добила шанса да го покаже својот талент.