Познати личности од Србија меѓу кои и нашиот пејач Тони Зен кои учествуваат на снимањето на „ВИП Преживеан“ на Филипините, доживеале земјотрес на егзотичниот остров што прилично ги исплашил.

Во неделата вечер пред полноќ додека натпреварувачите спиеле се случил првиот потрес со помал интензитет, додека следниот бил посилен и предизвикал силно тресење на земјата.Екипата од сниматели, монтажери и продуценти на „Преживеан“ биле во своите кабини, па кога се случил земјотресот во паника излегле, а се разбудиле и оние кои спиеле цврсто – пишува српски „Блиц“.

„Најнепријатно беше на кабините на врвот на  ридот. Некои од страв одлучија да спијат кај колегите во пониските делови. Најважно е што никој не е повреден,“изјавил еден од членовите на екипата.

Натпреварувачите кои биле будни долго време не можеле да заспијат, но кога биле сигурни дека опасноста поминала тогаш се опуштиле. Новиот ден им донел непријатни последици од земјотресот, бидејќи змиите излегле од своите скривалишта.Локалниот ловец на змии имал доста работа, а во тоа му помогнал и еден од учесниците во  овој „ВИП Преживеан“.

Земјотресот го кренал адреналинот на учесниците кои се борат со инсекти, змии и ги извршуваат зададените задачи.Тони Зен е единствениот пејач од Македонија кој се бори за награда од 50 илјади евра, а со него заедно се српските пејачи Никола Роквиќ, Александра Перовиќ, Гоца Тржан, Милан Рус и други.

Извор “макфакс“
Ohridnews