Mакедонската хип-хоп ѕвезда Тони Зен синоќа ја започна својата нова турнеја низ Македонија со концерт во летниот клуб-базен “Хавана” во Неготино.


 

Тони Зен кој се смета за еден од најдобрите рап артисти во поширокиот регион пред еден месец стана заштитно лице на водката “Svarog” која беше претставена од страна на Бадел 1862.
Концертите во најава ќе го носат името “Svarog = Тони Зен” при што ќе го симболизираат Тони Зен како олицетворение на Сварог, словенскиот бог на огнот и небото.

Концерти се планирани да се оддржат во неколку поголеми градови во земјава, а покрај Тони Зен како резидент диџеј ќе биде Диџеј “Чваре” неговиот поранешен колега во хип-хоп групата “Урбана Димензија”.