Додека Тони Цетински патуваше во Македонија на погребот на својот драг пријател и соработник Тоше Проески, во Загреб неговите колеги од хрватската естрада плачеа на стиховите од песната која Тони ја напиша и му ја посвети на Тоше.

Меѓутоа деновиве се јавил извесен Стјепан Црњак кој тврди дека Тони Цетински му ја украл песната, а Ивана Нобило сопругата и менаџерка на Цетински,вели дека се работи за „неморален човек со сомнително психичко здравје“.


Тоше и Тони Цетински беа големи пријатели

„Почувствував дека песната вреди и треба да добие музичка подлога па му ја испратив на Цетински а тој тоа го злоупотреби. Можеби во првиот момент несвесно бидејќи му требала за простување од драгиот пријател па и не беше неопходно да каже кој е автор на песната. Меѓутоа по два дена во весниците видов битно изменет текст и бев непријатно изненаден.Се најдовме со Тони на кафе и тој ми вети дека ќе објави кој е автор на песната“ тврди Стјепан Црњак сопственик на фото студио кој во слободното време пишува песни.

Но поминувало време, Тони не објавил ништо,а потоа на Црњак му било ветено дека ќе биде објавен како коавтор на песната.

Ивана Нобило Цетински, сопруга и менаџерка на Тони Цетински има друга верзија на приказната.Таа вели дека отпрво по забуна била објавена песната како авторска од Тони Цетински. Потоа Црњак барал да биде објавено дека е тој автор на песната, по што му понудиле да објават дека е тој коавтор. На крајот Ивана вели дека Црњак ги уценувал за висока сума пари да се откаже од авторското право на песната.

Кој е во право и дали Тоше го заслужи ова, проценете сами.

извор:                                                                                        Јасминка Т. Момироска
index.hr