Охридскиот кошаркарски клуб викендов ќе има официјално деби во Втората машка кошаркарска лига. Прв ривал на „галебите“ е тимот на Ринија. Мечот се игра на теренот од противникот на охриѓани во 17 часот и 30 минути.

Сите со нетрпение го очекувавме денот во кој ќе можеме да играме кошарка и да се натпреваруваме. Охрид е дебитант и составен е од млади и перспективни кошаркари. За нас секој меч ќе биде шанса за докажување за напредок на играчите и екипата. Желбата кај сите ќе биде голема и очекуваме тврд и неизвесен натпревар. – изјави тренерот на екипата Тони Стојаноски.

Во првата рунда од западната конференција покрај Ринија – Охрид силите ќе ги одмерат Тетекс – Спорт Тим, Партизан ВС – Чаир 2030, Мега Баскет – Пел. Медика Карта, Хереклеа – Спарта.

OhridNews