OhridNews од свои извори неофицијално дознава дека денес со одлука на Министерството за култура, досегашниот директор на фестивалот ” Охридско лето”, Тони Симоноски, е разрешен од функцијата Директор на фестивалот. За ВД директор назначен е Васил Зоровски. 

Симоноски попладнево не беше достапен на својот мобилен телефон за да ја коментира информацијата.

Не е познато дали до почетокот на годинешното јубилејно издание на фестивалот ќе биде назначен нов директор.

Т. К.