Жената со која Тони Паркер наводно имал афера е сопруга на неговиот поранешен соиграч од тимот на Сан Антонио, Брент Бери. Брент со Паркер играл од 2004 до 2008 година. Веста за разводот на Паркер и Лонгорија во медиумите се појавила во вторникот, кога се зборувало дека Тони ги предал документите за развод.


Набрзо после тоа портпаролот на парот ја демантирал веста велејќи дека со нивниот брак се е во најдобар ред. Но само еден ден подоцна Ева Лонгорија самата поднела документи за развод од кошаркарот, на кој наводно му пронашла стотина пораки од други жени.