Наумовски повторно го освојува Њујорк со улогата на Сталин, овoј пат во маркантниот “The Perishing Square Signature Theater Center”
Премиерата на претставата е закажана за 8ми Август, а ќе се игра до 5ти Октомври. До затворањето на претставата, Нумовски ќе има одиграно вкупно 50 изведби во улогата на младиот Сталин.
Претставата “Последната анализа” е текст на американскиот автор Ото Ескин, во режија на Лудовика Вилар Хаусер, која имаше огромен успех на минатогодишниот “Midtown International Theater Festival” и беше номинирана за рекордни 13 награди на фестивалот меѓу кои понесе 7, вклучувајќи ја и наградата за најдобра претстава.
Наумовски за овој успех изјавува: “ Се впишувам во историјата на американскиот, но и на светскиот театар. Ова е светска премиера на “Final Analysis” во која јас сум првиот актер кој го оживува ликот на Сталин. Се чувствувам почестен. Се надевам дека ќе го повториме успехот од минатата година”.
Toni Naumovski & Ryan Garbayo
Приказната на Ото Ескин раскажува еден историски инцидент. Виена, 1910 година, град кој во тоа време претставува крстосница на цивилизацијата, парфимираната атмосфера во која живее богатата класа наспроти огромната сиромаштија, корупција и анти – семинизам. Во пресрет на Првата Светска војна се среќаваат шест лица кои се предодредени да го променат светот. Познатиот композитор и диригент Густав Малер, неговата сопруга Алма Малер, Фројд, Лудвиг Виxтенгштајн, Сталин и еден млад човек низ сплет на околности интригантно се спојуваат во оваа драма исполнета со филозофија, љубов и политика.
Toni Naumovski & Elizabeth Jasicki i Ryan Garbayo
Тони Наумовски е роден во Сиднеј, Австралија, со потекло од позната музичка фамилија од Македонија. Дипломирал на еднa од најпознатите школи за глума во Европа, Националната акедемија за театар и филм во Софија, Бугарија. Завршува магистерски студии на Универзитетот “New South Wales” во Сиднеј, Австралија, а во 2004 година добива стипендија од Anna Strasberg, сопругата на легендарниот актер, режисер и учител Ли Стразберг за специјализација на неговата метода во “Lee Strasberg Theatre and Film Institute” во Њујорк.
Наумовски е подеднакво успешен во театар, филм и телевизија. Неговата кариера брои над 100 улоги а добитник е и на многу награди. Тој е актер кој со својата харизма и длабочина, инспириран од различни традиции и култури, низ својот уметнички пат гради една уникатна естетика како во театарот така и на филмското платно.
OhridNews/Антонела Дуковска
photo:John Quilty