Легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч ќе стане член на Куќата на славните во Спрингфилд и ќе го добие највисокото признание во НБА лигата. Кукоч во Спрингфилд ќе биде промовиран во септември месец.

Член во Куќата на славните се станува за остварен голем успех и оставање на траен белег во НБА лигата. Кукоч место во златната историја обезбеди, играјќи во најдобрата генерација на Чикаго Булс, предводена од Мајкл Џордан. „Биковите“ со Кукоч во составот освоија три титули.

52-годишниот Кукоч е петти хрватски кошаркар кој обезбедува влез во Куќата на славните. Претходно, место помеѓу најдобрите добија Крешимир Чосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новесел и Дино Раџа.

Покрај успесите во НБА лигата, Кукоч може да се пофали со успех на европско тло. Хрватот со Југопластика освојуваше титули во Евролигата и домашниот шампионат.

OhridNews