Бидејќи трите супермодели Адријана Лима, Алесандра Амброзио и Лили Олдриџ се бремени, на познатото јато на „Викторија Сикрет“ му бил потребен барем еден нов „ангел“. Тоа станала манекенката Тони Гарн. Синооката германска манекенка има 19 години, а пред неколку дена потпишала договор со што официјално станала член на ангелите на „Викторија Сикрет“.

Следната седмица тони ќе се фотографира за каталог на новата колекција на „Викторија Сикрет“, наречена “Dream Angels”, што ќе биде нејзино прво снимање за престижниот бренд. Тони досега работела околу 50 ревии, соработувајќи со голем број познати дизајнери и модни куќи, меѓи кои се и „Прада“, „Диор“ и “Фенди“, а била и на насловните страни на „Вог“, „Ела“ и „Гламур“.