Пејачката Тони Брекстон наводно во последниве неколку месеци е во врска со Еди Марфи, пренесуваат американските медиуми. Иако нивните претставници за медиумите тоа го демантирале, и тврделе дека тие само се дружат, нивни пријатели потврдиле дека Тони и Еди се во љубовна врска веќе четири месеци.


Еди Марфи неодамна бил виден во бекстејџот на Тони после нејзиниот концерт во Лос Анџелес. Таа пред три години се разведе од Кери Луис, со кој има две деца. Еди бил во брак два пати, а од претходните врски има осум деца.