Риалити ѕвездата Тони Брекстон купила вила од три милиони долари, и тоа само шест месеци откако прогласила банкрот. За овој успех најзаслужна е нејзината нова емисија „Семејните вредности на Брекстон“, која поради големата гледаност е обновена и за трета сезона.

Нејзиниот нов дом се наоша веднаш покрај вилата на Бибер, и во него се наоѓаат четири спални соби и пет тоалети. Тони Брекстон во 2010 година поднела барање за банкрот, бидејќи должела 50 милиони долари, но за само четири години успеала да го исплати целиот долг.