Пејачката Тони Брекстон, која на почетокот од овој месец е хоспитализирана поради болки во градите, нема да настапува до крајот на месецот.
Казино хотелот Фламинго во Лас Вегас соопштил дека четириесет годишната добитничка на Греми нема да ги одржи концертите оваа недела затоа што мора да биде подложена на дополнителни лекарски прегледи.
Во болница е примена на 7 април, а пуштена е ден подоцна. Од тогаш нема настапувано, а на сцената треба да се врати до 6 мај.
Причините за нејзините болки не се познати за јавноста. Се знае само тоа дека во минатото била лекувана од вирусно заболување на срцето.
Тони Брекстон има добиено 6 Греми награди меѓу кои и за песната “Un-break My Heart”.
Нејзиното шоу во Фламинго, ‘Toni Braxton: Revealed’, започна во 2007, а во тој казино-хотел треба да настапува уште една година.