Репрезентацијата на Македонија со двоцифрен пораз од Словенија (31-21) ги започна натпреварите во главната рунда од Мундијалот во Египет. Избраниците на Данило Брестовац до 20-та минута беа рамноправни во дуелот со „змајчеките“, кои со серија од 5-1, обезбедија предност 13-9 на полувреме. Во второто полувреме, Македонија го изгуби здивот, а Словенија профитираше со убедлива победа.
Започнавме добро во првиот дел, но во вториот дел направивме многу технички грешки. Словенија ја казни нашата селекција многу лесно и разликата не е реална. Мора да бидеме подобри во следните натпревари и да одиме на изненадувања против Русија и Белорусија. – рече голманот Мартин Томовски.
Слични впечатоци имаше и селекторот Брестовац.
Одигравме уште еден натпревар со селекција од ТОП-10 во Европа. Игравме добро во првиот дел, но направивме многу технички грешки по паузата. Мислам дека конечниот резултат не ја отсликува разликата меѓу тимовите, заслуживме да загубиме со помала резултатска разлика. Имаше и добри и лоши моменти на овој меч, за разлика од претходно стартот ни беше одличен. Игравме со многу ротации, затоа што сакав да им дадеме шанса на сите затоа што чекаат уште две тешки средби. – изјави Брестовац.
Вториот натпревар од главната рунда Македонија го игра в петок, против селекцијата на Русија.
OhridNews
СП: Македонија останува на „нула“, Словенија победи и ги зграпчи бодовите