Поради приватни причини Ристе Томоски го напушти охридскиот ракометен клуб и повеќе нема да биде дел од тимот на стратегот Горан Андоновски.

Томоски со пожртвуваната игра и големата желба за победа на теренот беше еден од главните виноцни за враќање на ракометниот сјај во Охрид, стана миленик на охридската публика и идол на помладите.

Феноменалните настапи и победите во охридскиот дрес Томоски ги делеше со навивачите и публиката, а тие му возвраќаа со беспрекорно бодрење.

Томоски, го напушти ракометниот клуб Охрид, но едно е сигурно дека тој засекогаш ќе остане во срцата на навивачите, играчите,тренерот и сите охриѓани.

Со среќа „Томос“ ! ! !

Михаил Постоловски