По повод 15 годишнината од препливувањето на каналот Ла Манш, македонскиот пливачки маратонец Томи Стефаноски на 14ти Август 2024 година организира хуманитарен настан на кој ќе се обиде да преплива 15 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до Црквата Канео во Охрид, па назад до Охридското пристаниште.

Мојот јубилеј би сакал да го посветам кон хумани цели, поточно да ја подигнам свеста и да креирам подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Заедно со вас и вашата поддршка ќе им дадеме можност на многу лица и деца да го достигнат својот потенцијал, да уживаат во благодетите од спортот и да имаат поисполнет живот, истакнува исклучителниот спортист и хуманитарец Томи Стефановски.

Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети за посочените цели.

Томи Стефановски го преплива Ла Манш на 14 август 2009та година. Таа година беше 50-годишен јубилеј од првото препливување на каналот од страна на македонскиот пливач Нико Нестор во 1958 година и 40-годишнината од препливувањето на Ла Манш на првата македонка, Атина Бојаџи, во 1969 година.. Неговиот подвиг траеше 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13ти на вечната листа во 149-годишната историја на препливувањата на каналот (Капетан Метју Веб, 1875).

Г.М.