Маратонецот Томи Стефановски стана третиот Македонец кој го препливал каналат Ла Манш. Пред половина век тоа го направи Нико Нестор, а потоа и хероината Атина Бојаџи и двајцата охридски легенди. Каналот долг 34 километри Стефановски го преплива за 7ч. и 42 минути.

И покрај силниот ветер и брановите Стефановски успеа да истрае во ладните води на каналот и  се запиша во светскаста историја. Непосредно по подвигот тој изјави дека се чувствува исцрпено, но и среќно поради постигнатиот услех.

Каналот Ла Манш е исклучително тежок за пливање. Ветрот, брановите, силните струи и температурата на водата која никогаш не е повисока од 18 степени, го прават уште поголем подвигот на пливачите, а само најистрајните и најподготвените успеваат да го препливаат каналот.

Ohridnews