Македонскиот пливач, Томи Стефаноски последната сезона во маратонското пливање ја круниса со титулата во светската ГРАН при серијата.
Искусниот маратонец на последниот маратон за сезонава во Капри го освои шестото место кое беше доволно за осигурување на титулата.
Клучниот чекор кон титулата Стефаноски во ГРАН при серијата го направи со триумфот на јубилејниот 30-ти маратон во Охрид.
Да биде се во знакот на македонските пливачки се погрижи Евгениј Поп Ацев кој победи во Капри, но грешката во Охрид го чинеше титула минатогодишниот светски шампион.
OhridNews