Девет години по второто продолжение, повторно ќе се снима “Луѓе во црно“. Главните ѕвезди на филмот, Томи Ли Џонс (63) и Вил Смит (41) го потврдиле своето учество во третото продолжение, чие снимање би требало да започне на пролет. Филмот ќе го режира Бари Соненфилд, а сценариото ќе го пишува Итан Кохен.
Првиот дел беше огромен кино хит и заработи 600 милиони долари, а вториот не го постигна тој успех. Не ги задоволи ни критиката, ни публиката, но и заработката не ги достигна очекувањата, па тоа е најверојатно и главната причина што толку се чекаше на снимањето на третиот дел.