Во напната атмосфвера, делегатите на изборнота конференција, што се одржа синоќа, за нов претседател на општинската организација на СДСМ, го избраа Томе Чинговски, актуелен шеф на кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, а избран е и нов Извршен одбор на партискиот огранок.
На чинот на гласањето, како што дознаваме, не присуствувало работното претседателство во кое бил и потпретседателот на СДСМ, Игор Иваноски, кое ја напуштило изборната конференција која минала во тензична атмосфера.
Претходно, централата на партијата како единствен кандидат за претседател на охридскиот огранок на СДСМ, го предложи актуелниот советник и вршител на должноста директор на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески.
Мнозинството делегати на изборната конференција која неколку пати била прекинувана заради острата расправа и отворените недоразбирања, не го поддржа предлогот на централата и за нов претседател на општинскиот огранок на СДСМ го избра Томе Чинговски.
(фото: архива на ohridnews)