Шефот на кабинетот на градоначалникот Петрески, Томе Чингоски смета дека информациите што деновиве се пласираат во јавноста во врска со неговото заминување од функцијата се шпекулации. „Јас официјално сум на годишен одмор, а мојот став по тоа прашање ќе го соопштам по завршувањето на одморот“, изјави Чингоски на прес конференцијата што се одржа во седиштето на СДСМ.
На прес конференцијата партискиот портпарол, Анита Азеска, го изнесе, како што кажа, незадоволството на членовите на СДСМ , симпатизерите и граѓаните на Охрид од константното намалување на безбедноста во земјава, хаосот во здравството , нерешавањето на невработеноста и намалувањето на стандардот на граѓаните.
Според охридските социјадемократи вчерашното покачување на цените на основните прехрамбени производи претрствува нов економски удар и врз онака тенкиот џеб на граѓаните, за што според нив виновна е владејачката гарнитура.
Г. Момироски