Томе Чингоски актуелен шеф на кабинетот на градоначалникот Петрески, неофицијално, ќе биде нов претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид, дознава ohridnews.

Чингоски кој ја доби подршката од мнозинството делегати на оспорената изборна конференција што се одржа летово, деновиве добил подршка и од претседателството на партијата во Скопје. Со  почитувањето на  волјата на мнозинството делегати, раководството на партијата смета дека ќе се зачува единството на членството во Охрид, велат членови на СДСМ кои инсистираа на анонимност.

Како што дознаваме изборот на Томе Чингоски ќе се официјализира на нова изборна конференција што ќе се одржи во сабота. Неговиот против кандидат Бранко Трпчески ќе биде избран за координатор на Изборната единица број 5.

Г.М.