Битолскиот прволигаш ја забележа првата победа во контролните натпревари победувајќи го Колкети Поти со 2-0.
Печат на победата во 90-та минута стави охриѓанецот Томче Речкоски за кого ова беше деби погодок во дресот на Пелистер.
Предност за „зелено белите“ погоди некогашниот играч на Охрид, Петар Љамчевски во 78-та минута.
Фудбалерите заедно со стручниот штаб се на подготовки во Анталија, а таму ќе останат уште недела дена.
Мх.П.