Една екипа од Охрид и Прилеп ќе учествува на завршниот турнир од Купот на Македонија, а која ќе се дознае по финалето од четвртфиналната група кое се игра во 19 часот во „Билјанини Извори“.
– Искрено, Охрид не го посакував, но тимот има голем квалитетот и не случајно е домаќин на оваа четвртфинална група. Со неиграњето на нашиот прв голман ние сме драстично ослабени, но мора да се бориме и ветувам ќе го сториме тоа. – рече Томче Петрески.
Прилеп пласман во финалето обезбеди совладувајќи го подмладокот на Вардар. – Ние ја остваривме првичната цел со триумфот над Вардар 2 и пласманот во финалето од четвртфиналната група во Охрид. Победа си е победа не е важно како е извојувана. Ние почнавме летаргично со помладите ракометари, а откако поискусните влегоа на терен се осети разликата и победата не беше доведена под знак прашалник. – изјави Петрески.
Охридските ракометари два пати ги совладаа своите противници во финалето од четвртфиналето од Купот, а во плејофот од Супер лигата ги очекуваат уште нови два мечеви.
OhridNews