Триесет и девет годишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим.
Голабоски, кој по петти пат го вади чесниот крст во Струга посака секој стружанец, но и секој верник да го осети тоа свето чувство.
Како и на секој стружанец, најголема желба ни е да го фатиме крстот. Чувството е преубаво и посакувам секој да го осети, изјави Голабоски, нагласувајќи дека светиот крст носи среќа секоја година без разлика дали ќе го фатиш.
Упати апел за продолжување на традицијата со поддршка секој стружанец да скока по крстот.
OhridNews