Најавите за промени во Чесли се комплетирани, откако Томас Тухел ја доби улогата на менаџер, после отказот за Френк Лампард. Германскиот стручњак со „сините“ потпиша 18-месечен договор, а денеска, веднаш го одработил првиот тренинг со екипата.

Сакам да му се заблогадарам на Челси за приликата да работам и да се натпреварувам во Премиер лигата. Со нетрпение чекам да се запознаам што побрзо со момците и да изградиме силен колектив, кој ќе може рамо до рамо да се носи со водечките екипи во Англија. – изјави Тухел.

Германецот кој претходно работеше во Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд на клупата од Челси ќе дебитира против Вулверхемптон во Премиер лигата.

OhridNews