Холивудскиот акгтер Том Круз и актерката од серијата „Весели седумдесетти“, Лаура Припон, се гледаат веќе подолго време, а неодамна прв пат биле видени заедно во јавност. Долго се нагаѓало дека актерот ќе се смири со поранешната сопруга Кејти Холмс, но сепак до тоа не дошло.
Том и Лаура се видени во еден ресторан, во кој според пишувањето на списанието „Грација“ минале три часа шегувајќи се и разменувајќи нежност. Инаку, Лаура, баш како и Том, припаѓа на сајентолошката црква, а тоа своевремено бил еден од условите за потенцијална сопруга на Том Круз.