Како и многу други светски ѕвезди кои ова лето одмараа во Хрватска, Том Круз со својата јахта отпловил за Хвар. 

Тој во Хрватска допатувал вчера попладне со приватен авион, а набргу по пристигнувањето се префрлил во својата јахта “Lady S.”

Истата вечер пристигнал на островот и одмарал во еден од кафичите со своите пријатели. Тој немал никакви посебни барања и се сликал со сите кои сфатиле дека до нив седи холивудска ѕвезда.