Холивудскиот актер Том Круз бара оштета од 50 милиони долари од списанието „Лајф енд Стајл“ поради насловната страна на која пишувало дека ја напуштил својата ќерка Сури, која од разводот на родителите живее со мајката Кејти Холмс. Адвокатот на актерот Берт Филбс ги нарекол издавачите на списанието лажговци и рекол дека во име на својот клиент поднел тужба до судот во Лос Анџелес, барајќи оштета од 50 милиони долари.
Берти истакнал дека Том е грижлив татко кој ја обожава Сури. Рекол дека таа е важен дел од неговиот живот и дека секогаш ќе биде, додавајќи дека зборовите дека ја напуштил се огромна лага. На крајот адвокатот рекол дека парите кои Том ќе ги добие од тужбата ќе ги донира во добротворни цели.