Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа.

Глумецот, со своите 62 години, се спушти со јажиња на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, што предизвика воодушевување на сметка на земјата со најмногу медали – вкупно 126, од коишто 40 златни. Том Круз потоа го зеде знамето и со мотор „се упати“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион покрај знакот „Холивуд“, во однапред снимена сцена. Реакциите на интернет сѐ уште траат…

Олимпијадата во 2028 година ќе се одржи токму во Лос Анџелес.

Олимписките игри во Париз се официјално затворени. Вообичаената свеченост на затворањето се одржа на францускиот Национален стадион, со повеќе од 100 танчери, уметници и други изведувачи. Свеченото затворање го одбележаа и настапите на француските поп-групи, како и претходно подготвените снимки од настапи на американските ѕвезди кои ја најавија следната Олимпијада.

OhridNews

фото. МИА/ЕПА