Американскиот актер Том Круз се прослави по улогите во повеќе акциони филмови. Моментално го снима филмот “Knight and Day” во кој глуми таен агент. Пред неколку дена снимал во Австрија. Иако повеќе не е толку млад, тој и понатаму своите опасни сцени ги снима сам.


Во Салзбург скокал од зграда висока 12 метри, а притоа бил врзан со сигурносно јаже. Пред Салзбург, Том сцените на новиот филм ги снимал во Бостон каде од публиката го следеле сопругата Кети Холмс и Ќерката Сури. Во новиот филм глуми и актерката Камерон Диаз.