Холивудскиот актер Том Круз изјавил дека би сакал својот пријател, британскиот фудбалер Дејвид Бекам, да го воведе во светот на филмот и актерството. Тој рекол дека мисли како Бекам би бил одличен актер во акциони филмови и дека веќе барал проект на кој обајцата би соработувале. Том додал дека откако Бекам ќе се пензионира, ќе тргне по стапките на фудбалерот Вини Џонс и ќе почне да се занимава со глума.
Бекам одбил неколку понуди да се појави во филмови велејќи дека не е заинтересиран дека е ужасен актер. Премиерата на најновиот филм на Том Круз „Невозможна мисија 4“ била одржана на 14 декември, а актерот најавил дека ќе снима акциони филмови и откако ќе наполни 50 години.