Том Круз и неговата ќерка Сури комуницираат исклучиво преку интернет и телефон, бидејќи не се виделе речиси два месеци. Актерот ужива во слободата и не се грижи многу за тоа како девојчето се снаоѓа на училиште, каде тргнала минатата седмица. Додека неговата шестгодишна ќерка спиела во Њујорк, Том Круз во четвртокот утрото бил фотографиран како напушта еден ноќен клуб во Лондон, во друштво на непозната жена. Филмската ѕвезда ја користи секоја можност во паузите на снимањето на филмот “All You Need Is Kill”, малку и да се забавува. Во фармерки и јакна, Круз излегувал од клубот со очила на главата, но папараците сепак успеале да го препознаат.

Том и Сури последен пат биле фотографирани заедно на 16 август, кога го посетиле Дизниленд. Оттогаш комуницираат само на интернет и по телефон. Девојчето кое живее со мајката Кејти Холмс во Њујорк пред една недела тргнало на училиште. Сепак, Круз не успеал да издвои малку време да поразговара со неа за новото искуство. Извор близок на актерот рекол дека нејзиниот татко е секогаш зафатен со снимањата. Затоа многу повеќе ги ценел моментите кога се заедно.