Том Круз во неделата го пореметил сообраќајот и предизвикал голема гужва во центарот на Лондон. Според медиумите, добар дел од британскиот главен град бил затворен за сообраќај полни три часа поради снимањето на новиот филм во кој Том Круз ја игра главната улога. Холивудскиот актер снимал неколку сцени од својот нов филм “All You Need Is Kill” околу Трафалгар Сквер, во самото срце на Лондон.

Во таа прилика била ангажирана бројна филмска екипа, како и неколку воени возила и еден хеликоптер. Целиот кварт бил парализиран, така да имало многу незадоволни, посебно меѓу туристите и жителите на Лондон кои оделе во првиот Божиќен шопинг, но не можеле да им пријдат на продавниците во тој дел од градот. Официјалните лица соопштиле дека и покрај нередот во сообраќајот, снимањето на филмот била исклучително позитивна работа за градот.